Базен од контејнер може да се изработи многу едноставно, меѓутоа ако се посветиме на деталите може да изгледа скапо и модерно…
Познатиот архитект и дизјанер Stefan Beese со својот „The Pool Box“ базен покажува дека е можно да се направи базен од челичен транспортен контејнер за во дворот. Овој челичен контејнер е третиран со антикорозивна боја и потоа премачкан со заштитна пена заради изолација, а надворешните страни му се обложени со дрвена ограда.
Овој „The Pool Box“ базен е всушност маскиран контејнер, кој е сместен во калап од борови даски обработени под притисок. Со својот минималистичен и геометричен дизајн потсетува на дизајнот на јапонските купатила. Контејнерот сам по себе пружи поприлично идеална водоотпорна цврста основа за базен кој не бара премногу одржување. Базенот може да се спакува и транспортира до било кое место во случај да одлучите да се преселите.
Loading...

