Доколку планирате да градите летна тераса на место со дрво, не мора тоа дрво да го сечете, туку можете да го искористите и околу него да направите клупа за седење и одмор под природна ладовина. Клупата околу дрво може да се изведе на неколку начини: да го следи обликот на дрвото – правоаголна, кружна или неправилна форма.
Една од најчесто користените форми е шестоаголна и осмоаголна. Доколку формирате клупа околу младо дрво кое со текот на годините ќе ја постигне својата полна дебелина, тогаш не заборавајте да оставите доволен простор околу него за да му овозможите непречен раст.







