Доколку градината сакаме да ја направиме единственото место каде може да се релаксираме и уживаме, тогаш тревникот треба добро да се испланира и дизајнира. Тревните површини треба да бидат централниот елемент во нашие дворови за дизајнирање на самата градина. Обликот и големината на тревата директно влијае на изборот на тип на тревата како растение.

Изглед на тревникот и дополнително уредување – Кога сакаме да ги уредиме тревните површини во дворот треба да бидеме слободни во своите идеи и креативност. Најчесто треба да екпериментираме со формата и длабочината на цветните леи кои ќе ги поставиме како рабови на тревникот или пак со дрвените греди кои ќе ни послужат како рабови и ќе овозможат одредена форма на зелената површина. Така поставената форма на површина која може да биде неодредена ќе овозможи интересен изглед на Вашата градина.
Движење и пристап до тревникот – Зелените површини се едноставни за движење и пристап и потребно е да бидат пошироки што е особено важно во зимски услови. За разлика од патеките кои се направени од декоративни плочки, камени плочки и дрвена градба, тревниците овозможуваат поголема достапност до просторот.
Декоративни украси – Кога сме во завршната фаза и имаме одлучено за формата и видот на тревната површина може да пристапиме кон декоративните украси кои ќе го збогатат изгледот на градината. Најчесто се поставуваат: статуи, декоративни фонтани, декоративни саксии во различни форми, базени и слично. Сличен ефект на декоративност може да добиеме и со растенијата и грмушките кои растат во неодреден и нестандардизиран облик.
Како да посадите тревник може да погледнете во нашите следни прилози …




