Booking.com

Удобен и доста комотен простор во дворот кој е претворен во мултифункционално место за седење и релаксација со своите пријатели…

Во овој комфорен амбиент, сопствениците на куќата можат слободно да се опуштат и да се восхитуваат на својата мала оаза, која претставува вистинско место во доста бучната градска средина. Овој прекрасен амбиент се наоѓа во градот Днипропетровск во Украина и креиран е од студиото SVOYA кое се занимава со пејзажен, архитектонски и ентериерен дизајн.


Просторот на оваа градина е рационално одвоен од сообраќајот и блиските згради, што осигурува пријатен престој на сопствениците, но и на нивните гости, кои можат да си поминат пријатно време во удобниот мебел и да уживаат во каминот или непрекинато да гледаат филм во куќното кино.
Во овој двор постои активен простор наменет за одмор и сместен е на една платформа, заедно со површините за готвење и служење на оброците. Присуството на винотека во подрумот претставува разумна употреба на секој сантиметар простор во домот.
Малиот тревник е сместен на влезот од дворот – изолиран од соседите со високи огради. Природните материјали, како што се дрво, цигла, метал и камен, се идеално комбинирани со зеленилото.
Бетонските панели на студиото SVOYA, со својата ненападност нудат солиден изглед на просторот. Кровната конструкција поседува затемнети и млечни стаклени системи кои овозможуваат воздушна вентилација, дури и во текот на најтоплите летни периоди.

Loading...