Познатиот музичар Стинг, по убедување на неговата сопруга, пред 30 години го купил овој имот од 16 век „Il Palagio“ во Тоскана. Набргу започнал и со производство на вино на сопствениот лозов насад на кој во почетокот произведувал само за сопствени потреби, меѓутоа подоцна започна и со производство на поголеми количини и извоз.
Денес оваа вила е достапна за наем за сите туристи, а во понудата е вклучена и дегустација на вина од приватната винарија. Со самиот престој во вилата, на гостите ќе им биде достапно и послужено јадење во ресторанот со италијанска храна, користење на базенот и прошетка во прекрасната градина дизајнирана во класичен италијански стил.
Сите оние кои сакаат да го поминат својот пролетен одмор во Тоскана во оваа прекрасна вила, можат да направат резервации и преку интернет. Ако пак сакате да го пробате виното произведено од Стинг и неговата приватна винарија, тогаш истото можете да го најдете на интернет страниците на Амазон, под брендот „Message in a Bottle“ – познато поетично име од еден негов познат стих.








