Booking.com

Вредните градинари можат да ги налутат само неколку работи, а една од нив е куќниот миленик кој ги раскопал плодовите од нивниот труд во дворот…

Сепак, куќните миленици често не се виновни кога ќе залутаат во вашата градина и таа авантура може да биде опасна за нив. Одредени растенија се прилично отровни за нашите мали крзнени пријатели, како што се нарцисот и одредени видови на ѓубрива. Дури и органските ѓубрива, кои имаат привлечен мирис, за разлика од вештачките ѓубрива, можат да предизвикаат мачнина, напади и болки кај вашите миленици. Единствено решение е обезбедување на градината – тоа ќе го реши проблемот со раскопани леи и дупки низ целиот двор и ќе ја осигура безбедноста на вашите миленици. Погледнете неколку начини како може тоа да го изведете:

1. Оградете ја градината со жица

Ова е многу лесен начин, безбеден и пристапен начин кој ќе ги спречи вашите миленици за трчаат низ градината, освен ако не се упорни.

2. Одвојте го нивниот дел за играње

Направете простор во вашиот двор кој ќе биде вистинско игралиште за милениците. Тоа може да биде кутија со песок со поголеми димензии. Погодна е за кучиња и за мачки, бидејќи и едните и другите обожаваат да копаат и да истражуваат.

3. Внимателно бирајте ѓубрива

Ѓубривото, средствата против плевели и компостот е нешто што морате да го држете подалеку од своите миленици. Ако не можете да го спречите нивното трчање по градината, тогаш добро се распрашајте околу составот на ѓубривата пред да ги купете.

4. Научете што не смеете да садете

Ако сте градинар кој користи ѓубриво, тогаш купете некој вид на ѓубриво кое нема да наштети на вашите миленици. Токсичните ѓубрива се направени од измет, коски, месо и риба. Нетоксичните се природен компост кој може и сами да си го направете, обично природно ѓубриво и ѓубриво од морска трева.
Пред да посадете некое растение во градината, морате да знаете кои растенија можат да и наштетат на милениците. Токсичните растенија кои можат да и предизвикаат стомачни болки и мачнина се: лилјани, лале, олеандер и нарцис, па затоа избегнувајте ги во поширок круг.

5. Направете куќичка за миленици

Тоа е идеален начин да ги научете вашите миленици на ограничен простор на движење и почитување на правила. Куќичката треба да биде на ладовина и што подалеку од штетни материи кои можат да предизвикаат поголем проблем.

6. Внимателно бирајте градинарски мебел

Мебелот во градината е омилена играчка на секој куќен миленик, бидејќи вие како сопственици тука поминувате повеќе време, а тие мора да ви бидат во близина. Неретко, кучињата го гризат и гребат мебелот, како би предизвикале внимание кај својот сопственик, а покрај штетата што ќе ја предизвикаат, можат да си наштетат и на самите себе. Купете мебел од прачки, дрво, кожа – таков мебел е безбеден за милениците, а вам ви нуди феноменален дизајн.

7. Водете сметка за хранилките за птици

Иако сите сакаме да се будиме со звуците на птиците, некои видови на птици имаат измет со многу бактерии, што секако може да им наштети на кучињата и мачките. Поставете хранилка за птици во делот на дворот кој милениците не го користат.

8. Бетонирање на патеки

Вашите миленици можете многу лесно да ги научете да се движат по бетонирани патеки – тоа повеќе ќе им одговара на шепите, а вие ќе бидете сигурни дека цвеќето нема да ви биде прегазено.

Loading...