Висечката софа Roberti, која е дел од Greenfield колекцијата, е идеален додаток на секој простор….
Наменета е за екстериери и дава еден интимен простор во кој можете да се опуштите и одмарате, додека уживате во нежното нишање. Нејзината алуминиумска структура, третирана со боја на шампањ и пудреста облога, е многу лесна, а сепак отпорна на бројни надворешни влијанија.
Достапна е во повеќе верзии – со рам и кука на која се прикачува и при тоа може да издржи тежини до 300 килограми. Се нуди во разни тапацирни варијанти, а секој материјал е погоден за употреба на отворено. Исто така, сите материјали кои се користат за тапацирање на овие софи се отпорни на УВ зраци.

По желба, можете да си ја прилагодите по свој личен вкус и стил и да си порачате перници со различни дезени, како би добиле најоригинална софа која идеално се вклопува со вашиот амбиент. Покрај тапацирот, оваа софа содржи и стандардно полнење од полиуретанска пена. Исто така, софите се третирани со средства кои ги прават водоотпорни, што е иделно доколку планирате да ја држите во вашиот двор или тераса која нема тенда.
Материјалите кои се користат за нејзино тапацирање може да се одвојат од перницата и поединечно да ги перете во вашата машина, додека останатите елементи можете да ги чистете со влажна крпа и послаби средства за чистење.
Покрај софата, оваа колекција содржи и маси, столови и лежалки, а секое парче од мебелот е со врвен дизајн од престижни светски дизајнери кои имале за цел да креираат идеален „материјал“ кој ќе ви помогне да на најдобар начин си ја опремите вашата тераса и градина.
Каде и да ја сместите, имајте на ум дека таа ќе ве хипнотизира со својата појава, а посебно ако сте боем во душата и уживате во убавата страна на животот.




