Booking.com

Елегантен, гостољубив, и преполн со зелени растенија кои му додаваат посебен карактер на овој простор, „Brazilian Taste“ е еден многу убав и едноставен стан во Милано кој дефинитивно отстапува од неприкосновениот современ стил.
Овој генијално креиран ентериер е дизајн на студиото „AIM“. Овој простор некогаш бил модерна канцеларија, која потполно е трансформирана со користење на магијата на бујното зеленило и прекрасните бетонски кутии, кои го дефинираат стилот на новиот простор, како функционално, така и естетски.
Бетонската кутија е нешто кое со својата магична форма веднаш го привлекува вашето внимание. Дневниот престој во форма на коцка е преплавен со собни растенија, прекраснa тулипан маса и отворени полици кои нудат можност на сопствениците да ги истакнат своите драгоцености. Дневниот престој води до современо дизајнирана трпезарија и простор за јадење.
За сите оние кои се прашуваат како да додадат свежина на својот урбан дом и бараат начин и помош за тоа, тогаш овој стан „Brazilian Taste“ во Милано дефинитивно нуди совршена доза на инспирација:
„Ние се ослободивме од класичниот концепт на ходници, како преграда помеѓу дневниот престој и спалната соба. Всушност, уште на самиот влез станувате свесни за целокупниот простор, благодарение на наизменичните нивоа, полни и празни простори, компресија и декопмпресија – понекогаш и целосно волшебни кои му додаваат вредност на архитектонската структура на станот.

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_2 hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_3 hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_4

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_5

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_6

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_7

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_8

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_9

hortikultura-mk_mal_skockan_enterier_10

Loading...