Замислете си само какви забави би можеле да се организираат во куќа каква што денес ќе ви претставиме. Ви ја претставуваме мегавилата на шкотскиот диџеј Калвин Харис. Имотот го купил во Лос Анџелес за 15 милиони долари. Кога велиме имот, мислиме на дом од вашите сништа.
Куќата е со површина од 6.000 м2, а целиот имот лежи на површина од 2.66 хектари. Има 10 спални соби, 11 бањи и бројни додатни содржини, како што е базенот во дворот.
На имотот се наоѓа главната куќа со 4 спални соби, како и едноспратна гостинска куќа со приватни спа соби, но и втора гостинска куќа – двоспратна. Секако, да не ја заборавиме и посебната куќа за вработениот персонал која е опремена со лифт и неколку тераси и два базена.







