Егзотичен и префинет цвет кој симболизира љубов и романса…
За орхидејата се кажува дека е цвет за успешни луѓе, а како можете успешно да ја одгледувате, дознајте во продолжение…
Со својата убавина и разноликост орхидејата одушевува веќе неколку векови. До сега се откриени околу 30.000 видови на орхидеи, а уште толку ќе се создадат со вкрстување на до сега познатите видови.
Богати со бои: од снежно бели, интензивно жолти, виолетови, до црвени, орхидеите цветаат во различни нијанси. Орхидеите се многу осетливи и особено комплицирани за одгледување. Бараат висока влага на воздухот и доволно светлина. Најдобро е да се сместат покрај прозор како би добиле доволно светлина, но треба да се избегнува директна сончева светлина. Ако воздухот во просторијата е сув, растението треба да се постави на подлошка исполнета со влажен глинопор, но никако не смее цело време да стои во вода.
Орхидеите се особено осетливи во однос на наводнувањето кое се врши со впивање. Се потопува тегла во сад со вода и се остава 4-8 саати супстратот да ја впие водата. После тоа, орхидеите не бараат залевање наредните 10 дена, иако тоа зависи од поединечни видови и условите во станот.
Добро е да се знае дека орхидеите штом ќе ги изгубат цветовите, со правилна нега за неколку месеци пак ќе процветаат.
За оние кои уште немаат доволно искуство со орхидеи еден од најблагодарните видови за одгледување е видот Phalaenopsis. Долго време цвета и не бара многу залевање и доколку и е потребно влага сама ќе ве предупреди кога треба да го направите залевањето. Штом ќе ја впие влагата, треба да се врати во сува тегла. Ако растението има повеќе вода отколку што и е потребно, треба да се намали со залевање, а супстратот да се просуши до наредното залевање. При секое залевање, а посебно во зимските месеци кога воздухот е сув поради греењето во домовите, препорачливо е двете страни на листот да се попрскаат со вода.
Воздушните корења, преку кои орхидејата како епифит зема влага и храна од воздухот, не смее да се режат, туку треба да се остави да растат во теглата. Се скратуваат единствено во случај кога ќе ја изгуби својата зелена боја и почне да се суши. Прик упување на орхидеи потребно е да обратите внимание на листовите и корењата, кои мора да бидат здрави и со зелена боја.
Доколку сакате да ви цветаат што подолго, тогаш изберете растение кое има пар отворени цветови и неколку пупки. Орхидејата се пресадува на секои три години, во периодот на мирување. Супстратот се заменува само во случај доколку почне да се распаѓа и доколку е прекриен со габички. Корењата треба добро да се навлажната за да омекнат, како не би се одвојувале при пресадување, а заболените и суви корења се отстрануваат
Доколку немате време ни простор за саксиски растенија, просторот за одмарање и релаксација декорирајте го со режани орхидеи.
Чаша вино и неколку орхидеи со омилената книга се загарантирана комбинација за незаборавно уживање…



