Летото е вистинското време за уживање на вашите тераси под сигурна заштита со тенда. Меѓутоа, доколку ја напуштите куќата, а претходно сте заборавиле да ја подигнете вашата тенда, постои опасност таа да се оштети или скрши при ненадејно невреме.
Решение за овој проблем се крие во едвај видливиот Eolis 3D сензор за ветар на француската компанија „Somfy“. Имено, при појак ветар овој сензор автоматски пренесува радио сигнал до моторот кој во истиот момент ја вовлекува вашата тенда, продолжувајќи го нејзиниот век на траење.
Освен овој интелегентен сензор за ветар, Somfy нуди и Sunis сензор за сонце кој автоматски ја спушта тендата во моментот кога ќе изгрее сонце. Сензорите се достапни во 3 бои: бела, сива и црна. Она што компанијата Somfy го препорачува како најдобро решение за вашата тенда е Telis 4 Soliris RTS далечински управувач, со чија помош можете да ја управувате тендата, да го вклучете греењето или да ја подесете вашата омилена позиција која тендата ќе ја запамети.
Добра вест е што можете да ја моторизирате веќе постоечката тенда. Сите Somfy производи се долговечни и во склад со европските безбедносни стандарди. Се тестираат во екстремни услови и имаат гаранција од 3 до 5 години.




