Booking.com

Овој цвет има некое подлабоко значење, дури симболизира и тајна љубов. Ова е прекрасен подарок за вашата сакана и за оние кои се вистински романтичари, во стилот на Ромео и Јулија…
Потекнува од тропските и суптропските предели на Африка, Јужна Азија, Австралија и Океанија. Гардениjата (лат. Gardenia) е декоративно растение со бели цветови, со мирис кој потсетува на јасмин. Името го добила по лекарот и природонаучник Александар Гарден. Во Европа е пренесена во 1763 година. Тоа е зимзелена грмушка висока и до 2 метри, а во собни услови 1,2 метри. Лисјата се спротивно распоредени, овални по форма, темно зелени, сјајни, а цветовите бели, миризливи, со венечни ливчиња распоредени во спирала, прости или двојни. Како наближуваат до периодот на венење, така ја менуваат бојата во жолтеникава, за на крај да добијат жолта боја. Кај видот Gardenia jasminoides “Veitchiana” цветовите се жолтеникави (цвета во зимскиот период). Инаку цветовите кај овој вид се појавуваат постепено еден по друг во тек на целата година, но најчесто од мај до септември.

hortikultura.mk_gardenia_2

hortikultura.mk_gardenia_3

hortikultura.mk_gardenia_4
Ова растение може да биде и градинарско и собно. Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не биде изложена директно на пладневното сонце. Во потопли услови (Медитеран) презимува надвор, кај нас надобро успева во собни услови.
Се размножува со резници кои може да ги забодете во земја и да ги покриете со проѕирна пластична фолија, како би им било топло. Фолијата отстранувајте ја секојдневно по десетина минути за не иструлат младите растенија. По три седмици гарденијата добро ќе закорени, и може да ја тргнете фолијата. Младите растенија цветаат многу пообилно, па ако имате среќа да ви успее одгледувањето на гарденијата, садете нови резници секоја пролет.

hortikultura.mk_gardenia_5

hortikultura.mk_gardenia_6
Температурата нека биде 18°С, а земјата одржувајте ја влажна. Бара шумска, растресита, добро наѓубрена почва и редовно полевање. Цветовите не смеат да се прскаат. Во лето полевајте ја секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте ја еднаш седмично и по можност со млака вода. Во собни услови зимно време се чува на температура над 10°С. Не се препорачува пресадување секоја година. Летната температура со голема воздушна влага може да биде до 24°С.

hortikultura.mk_gardenia_7

hortikultura.mk_gardenia_8

hortikultura.mk_gardenia_9

Loading...