Под покровителство на Градоначалникот на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје, на 27 и 28. мај 2017 година во Парк Македонија (паркот спроти поранешната фабрика на Алумина во Тафталиџе) ќе се одржи четвртиот Скопски цветен фестивал.
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере љубителите на цвеќето и природата, професионалци во областа, уметници, деца и ученици кои ќе ја изразат својата креативност на овој простор.
Во двата фестивалски дена ќе се случуваат следниве активности:
1. Цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици;
2. Дизајнирање цветни површини;
3. Креативни работилници;
4. Уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено.
Oрганизаторот на фестивалот обезбедува простор каде ќе може сите заинтересирани да се претстават со сопствен дизајн и производи. Настанот ќе има медиумска покриеност и соодветна афирмација.
Подетални информации за фестивалот може да се добијат на:
email: cveten.festival@gmail.com; skopskicvetenfestival@parkovi.com.mk и bilstoj@yahoo.com
