Booking.com

Новиот аеродром „Changi“ во Сингапур, со џиновски водопади, стаклена градина и шумски патеки за пешачење, ќе чини 726 милиони фунти. Овој аеродром е рангиран број еден аеродром во светот на доделувањето на наградите за најдобрите светски аеродроми во последните три години.
Аеродромот е проектиран да услужи 130 милиони патници годишно, а моменталниот капацитет е 54 милиони патници.
Сингапурскиот аеродром ќе има и базен на покривот, кино и огромна затворена стаклена градина со површина од 130 илјади квадратни метри во која ќе има многу зеленило како на ниеден друг аеродром во светот. На средината ќе биде изграден вештачки водопад со височина од 40 метри. Новиот аеродром се гради според идеите на архитектот Моше Сафди, а треба да заврши во 2018 година.

Loading...