Booking.com

Градот Амстердам е збогатен со уште едно уметничко дело кое изобилува со посебност и убавина и наликува на замок од растенија. Станува збор за SportPlaza Mercator, ултра модерен центар кој изобилува со базени, фитнес центри, солариум, сауна и ресторани.
Овој ултра модерен центар се наоѓа на влезот на паркот во мултикултурниот кварт De Baarsjes во Амстердам. Со цел да се вклопи во стилот на паркот, фасадата на самиот центар е дизајниранa со растенија и цвеќиња и се вклопува со самата природа. Сè со цел да се заштити зградата, бидејќи веќе е изградена во самиот парк, прекриена е со вегетација да наликува на објект изграден во 19-от век, објаснува архитектот од студиото “VenhoevenCS”.

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_2

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_3

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_4
Во самиот парк се простираат базени на отворено кои го збогатуваат стилот во кој е дизајниран целиот простор. Самите прозорци се покриени со вегетација со цел да се намали видливоста во базените кои се во затворениот простор, но се поставени и стратешки за да може да се овозможи навлегување на дневна светлина.

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_5

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_6
“SportPlaza Mercator” центарот е отворен во 2006 година, меѓутоа неодамна доби награда за најдобра зелена градба, која ја доби од холандскиот магазин “Dak & Gevel Groen”.

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_7

hortikultura.mk_sportplaza_mercator_8

Loading...