Никој не може да оддолее на градина со фонтана бидејќи таа плени со својот уникатен шарм…
Посебно се убави теракотните фонтани кои му даваат на вашиот двор единствен дизајн и претставуваат израз на вашиот личен стил. Тие привлекуваат внимание и го трансформираат дворот во оаза, во пријатно место за одмарање, каде можете да уживате во звуците на водата со вашите пријатели.
Теракотните фонтани се одликуваат со модерен, современ дизајн и атрактивен облик. Во комбинација со интегрирани ЛЕД светилки создаваат прекрасна игра на светло и вода во градината. Ако некој посакува мала фонтана на тераса или балкон, тогаш вистински избор би била теракотната фонтана.
Фонтаните кои се изработени од теракота може да бидат со мали димензии, така да истите може да ги вклопите и во вашиот ентериер. Во текот на зимата, малата фонтана може да послужи како овлажнувач на воздухот, а во исто време и како украс на ентериерот.
Посебно се атрактивни фонтаните со водопад. Типична црвена боја на теракота изгледа примамливо и зрачи со топлина во секоја просторија. Многу произведувачи нудат модели во склад со индивидуалните потреби на клиентите.




