Медитеранскиот чемпрес (Cupressus sempervirens) води потекло од источниот дел на Средоземјето. Спаѓа во групата на четинари со доста висока и витка крошна. Достигнува висина од околу 30 метри, а ширина 2 метри. Расте многу брзо, посебно додека растението е младо. Коренот на ова растение расте многу длабоко. Добро успева доколку се наоѓа на сончеви позиции. Не е прибирлив на земјиште, односно успева на сите типови почва.
Отпорен е на температури и до -20ºС, но издржува и на нашата континентална зима. Единствен проблем му претставува снегот, кој ако не се отстрани навреме од гранките може да доведе до сериозна деформација на самото растение.
Тој проблем може да се реши со замотување на гранките со мрежа, но никако со најлон. Доколку станува збор за поголемо растение, тогаш гранките може да се врзат спирално со јаже околу целата крошна и така да се оневозможи задржувањето на снегот.
Растението додека е младо, потребно е да му се обезбеди потпора (околу стеблото се забива стап на кого се прицврстува), за да не дојде до кршење на стеблото при ветар и снег. Може да се размножува со семе и ли резници.
Во дворот овој чемпрес изгледа величенствено во комбинација со лаванда, рузмарин, едноставно тоа се основите на медитеранската градина.