Booking.com

Растението води потекло од тропските краеви, а кај нас се одгледува како едногодишно цвеќе, а во пределите каде расте во природата (Мадагаскар) се јавува и како повеќегодишна. Расте на полусенковити места, а многу добро успева и во градини на отворено, како и во жардинери. Постојат неколку видови меѓу кои најпознат е Vinca minor, позната меѓу народот како зимзеленика.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

hortikultura.mk_vinca_2
Ова растение има сјајни, светлозелени листови и цветови со 5 латици кои може да бидат еднобојни во сите нијанси од бела до виолетова, а понекогаш имаат и средишен дел во друга боја.
Расте како грмушка со висина околу 35 cm и тоа многу брзо. За една година од мали резници растат грмушки кои се богати со цветови. Додека се температурите под 12°С треба да го чувате на затворено, а кога ќе се затопли извадете го надвор. Најдобро е да стои на место каде нема да биде изложено на јако сонце, но за да се стимулира цветањето треба да се овозможи малку утринско или благо попладневно сонце.

hortikultura.mk_vinca_3 hortikultura.mk_vinca_4 hortikultura.mk_vinca_5
Во периодот додека расте и цвета треба редовно и обилно да го залевате, но да не се задржува водата во подлошката. На секои две недели прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија кои цветаат. Додека го чувате внатре залевајте го поретко и на го прихранувајте.
Се размножува со резници од стеблото кои треба да се стават во мешавина од песок и компост, најдобро во пролет или на почетокот на летото кога без проблем може да биде надвор. Старите растенија послабо цветаат, па затоа се препорачува да ги обновувате секоја година и да ги одгледувате како едногодишни.

hortikultura.mk_vinca_6 hortikultura.mk_vinca_7 hortikultura.mk_vinca_8

Loading...