Booking.com

Зелената катедрала (Cattedrale Vegetale) е едно од најимпресивните дела на органската архитектура во светот. Сместена е во подножјето на планината Арера, на периферијата на Северна Италија – оваа жива скулптура е ремек дело на уметникот Giuliano Mauri и претставува совршен склад на природата и архитектурата.
Темелите на оваа катедралата се поставени кон крајот на 2001 година и е направена од дрвени стебла, кои воедно претставувааат и нејзини носечки столбови. Катедралата е носена од 42 столба, кои формират базилика со пет влеза. Внатре во столбовите има засадено дрвја и со текот на времето, истите како растат со нивните гранки ќе ја формираат конечната форма на катедралата креирајќи природни конструкции слични на готските катедрали.
Зелената катедрала завзема површина од 650 метри квадратни, а за нејзината конструкција биле потребни месеци на макотрпна работа. Употребени се 1.800 садници на смрча и 600 садници на костен и истите опкружени со садници од лешник со вкупша должина од 6.000 метри.

BG//FESTA AQUILONI E FARFALLE ALL'ARERA//FOTO DE PASCALE

hortikultura.mk_zelena_katedrala_3

hortikultura.mk_zelena_katedrala_4

hortikultura.mk_zelena_katedrala_5

Loading...