Зимата е на прагот, а сите оние што живеат во стан посакуваат да имаат свое катче во домот каде ќе може да уживаат и во текот на студените месеци…
Кај многумина жители во станови, терасите им служат единствено како остава. На неа се сушат алишта, се остават неискористени делови од мебелот, сезонска облека, велосипедот и останати работи, кои ретко ги користиме или скоро никогаш. Меѓутоа, со добар распоред на предметите и избор на функционални детали, дури и најмалите тераси можат да се претворат во идеален продолжеток на вашиот дом. Испробајте некои од 6-те совети на нашите професионалци и наскоро ќе забележите дека вашите гости ќе бараат да седат на терасата, наместо во дневната соба.
1. Огледало на тераса
Сигурно сте слушнале дека огледалото визуелно ги зголемува малите простории. Зошто овој оптички трик да не го искористите и на вашата тераса? Поставете огледало по целата должина на ѕидот и терасата ќе изгледа двојно поголема.
2. Мини бар
Доколку имате делумно соѕидана тераса, тогаш за овој предлог пола од работата е завршена. Доволно е под прозорецот инсталирате поширока даска и поставете неколку барски столици. Со неколку детали, како што е мини фрижидер или сталак за шишиња, вашата тераса ќе изгледа како вистински мини бар.
3. Работна канцеларија
За да се претвори во место за работа, потребни ви се неколку работи: удобен помал двосед, склоплива работна површина и комода на која ќе ги сместите потребните документи, канцелариски материјал и сл.
4. Оаза за читање
Терасата е едно од местата во станот кое пропушта најмногу дневна светлина. Искористете ја оваа погодност и некогашното складиште на непотребни работи, претворете го во место за опуштање со омилената книга. Во аголот на терасата наместете удобна фотелја или вреќа за лежење („lazy bag“), инсталирајте неколку дрвени полици за книги и списанија и просторот за читање е готов.
5. Кафе бар на тераса
Звучи необично и неизводливо, меѓутоа мала тераса може навистина да се трансформира во простор кој ќе изгледа како прав кафе бар. Треба да се изберат функционални, но компактни делови на мебел, како табуретки, ниски двоседи и маси кои се вградуваат во ѕид.
6. Духот на ориентот
Доколку сте љубители на необични стилови или сакате да внесете малку егзотика во вашиот стан, тогаш идеално место на кое можете да ја препуштете вашата имагинација е токму терасата. Посетете некој локален инди шоп – овие продавници изобилуваат со разновидни килими и простирки со ориентални мотиви, ниски столчиња и витражни лампи. Како украс, можете да поставете и наргиле, кое во последно време е сè попопуларен начин на опуштање и разонода.





