Минималистичките шатори имаат своја намена, меѓутоа понекогаш ни е потребен и поголем простор…
Понекогаш посакуваме мало уживање во шатор, со јога вежби или вечера со саканата личност, а при тоа монтажата на шаторот да биде многу олеснителна. Ова и не е така невозможно.
Lotus Belle е доволно простран шатор за сите претходно наведени активности, а во него може да се постави цела спална соба, вклучувајќи брачен кревет, тепих, гарнитура…
Овој луксузен шатор има впечатлив дизајн со кој се издвојува од класичните шатори. Водоотпорен е, има издржлив под од ПВЦ материјал кој се користи за изработка на кајак. Главната конструкција се состои од 10 столбови носачи и цврсти јажиња за заштита од ветрови.
Помалата верзија на овој шатор може да се смести и во обична торба, додека пак поголемата верзија во две торби.
Loading...






