„Животот е комбинација од магија и добра храна.“ А тоа го има во ресторанот Бакал.
Сакате да избегате од напорното секојдневие. Само на 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал. Целиот простор нуди максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, црвени ливчиња на фотинии, раззелените липи, расцветани хортензии и други растенија и цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство.

Како да се наоѓате во ботаничка градина на некој голем западно европски град, или како да гледате пред себе уникатна јапонска градина. Не е случајно зошто младоженците овде доаѓаат да направат свадбени фотографии, а професорите од Земјоделскиот факултет – отсек хортикултура, ги носат своите студенти за да им покажат нешто ново. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од сите страни во комплексот се простира зеленило и хармонија од бои од убавите растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ќе ве опуштат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Бакал е вистинско место за уживање за љубителите на убавите градини, на убавите ентериери и секако на добрата храна, која овде е прекрасна и може да ги задоволи и оние најпребирливите. Персоналот е многу љубезен несвојствено за македонски стандарди. Тие ќе ви посакаат добредојде и ќе ве воведат во магијата која се создава во кујната на ресторанот Бакал.
Посетата на Бакал е одлична можност за да оставите впечаток кај вашиот бизнис партнер, или да ги наградите своите вработени.
„Животот е краток за да не уживаме во него“.



