Booking.com

Платите на пејзажните архитекти се навистина високи во споредба со некоја друга професија. Професијата пејзажен архитект е една од најплатените на светско ниво.

Така, според Бирото за статистика на трудот во САД, платата на еден пејзажен архитект се движи помеѓу 50,000 – 63,810 долари/годишно.
Во Велика Британија, платите на еден пејзажен архитект се движат помеѓу 30,000-50,000 фунти/годишно.
Во Канада, пејзажен архитект заработува помеѓу 82,529-90,851 канадски долари/годишно, додека директор на студио за пејзажна архитектура заработува во просек околу 111.592 канадски долари/годишно.

Во Австралија, според Институтот на пејзажни архитекти, платата на пејзажен архитект е следнава: со работно искуство под 1 година изнесува 54.507 австралиски долари/годишно, работно искуство од 1-4 години – 59.793 австралиски долари/годишно, работно искуство од 5-9 години – 74.672 австралиски долари/годишно, од 10-14 години – $92.847, од 15-19 години – $110.500 и преку 20 години работно искуство – $124.887.

Во Сингапур, дипломиран пејзажен архитект со работно искуство под 1 година – $35.000-50.000, пејзажен архитект со 1-2 години работно искуство – $45.000-65.000, сениор пејзажен архитект – $60.000-90.000 и директор на компанија за пејзажна архитектура – $90.000-150.000. Општо земено, цените за ангажирање на пејзажните дизајнери се пониски отколку за пејзажните архитекти кои се стручни и за изградба на објекти.

За жал, во Македонија професијата пејзажен архитект сеуште не е законски дефинирана и признаена, меѓутоа се надеваме дека во блиска иднина ќе се реши и тој проблем, доволно е да се угледаме на соседните земји Србија, Хрватска и Бугарија, каде оваа професија е законски регулирана и признаена на ниво како и сите други видови на инженери.

ПРОЧИТАЈ: Професија на иднината: Пејзажен архитект

ПРОЧИТАЈ: Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? Што е подобро… (прв дел)

ПРОЧИТАЈ: Дали да се биде пејзажен архитект или пејзажен дизајнер? (втор дел)

Loading...