Booking.com

Ова е вид на чемпрес што најдобро се прилагодува на временските услови на нашиот регион. Во природни услови достигнува до 20 метри во височина, додека во наши услови оваа висина е многу помала. Добро ги поднесува ниските температури и сушни периоди, а не е прибирлив ни во однос на земјиштето. Во однос на садењето, може да се каже дека се сади претежно како поединечно дрво или во мали групи, со растојание помеѓу растенијата не помалку од 2,5-3m.
Аризонскиот чемпрес од видот Cupressus arizonica “Fastigiata“ води потекло од Италија. Има конусен хабитус со густи гранки кои се многу блиску една до друга и го покриваат стеблото во целост. Може да достигне висина од 12-15 метри и ширина од 4-5 метри. Има ретки цветови и топчести плодови на еднодомното стебло.
Многу лесно се адаптира на климатските услови. Толерантен е на сите типови на почва, дури успева и на варовнички почви. Поднесува кроење и кастрење, но не премногу често.

hortikultura-mk_arizonski-cempres_2 hortikultura-mk_arizonski-cempres_3 hortikultura-mk_arizonski-cempres_4

Loading...