Природата многу често знае да нѐ изненади со своите уникатни дела, меѓутоа ако на неа се придружат и уметниците, тогаш се можни неверојатни остварувања. Внимателно погледајте ги скулптурите и кажете ни дали некогаш сте помислиле дека е возможно да се направени од растенија?
На Меѓународната изложба во Монтреал се изложуваат огромни шарени скулптури во облик на животни, луѓе, па дури и музички инструменти. Материјалот од кој се направени не е ниту камен, ниту дрво или некој друг цврст материјал, туку цвеќе, разни растенија, шимшир…На оваа изложба може да се видат совршено обликувани и високи по неколку метри женски фигури, риби и коњи кои галопираат.
Колку уметниците се концентрирани и инспирирани, а фигурите верно претставени, покажува и фактот дека во секој момент може да се очекува истите тие скулптури да оживеат…
Погледнете ја галеријата од слики и уживајте во магичните дела на уметниците !!!




