Booking.com

Урбаниот живот и бесконечната трка по подобар живот ги оддалечи луѓето од природата и нејзините убавини. Чувството да се биде дел од неа најчесто го надополнуваат со облагородување на просторот околу куќите, претворајќи ги дворовите во убави градини кои со своите бои и форми потсетуваат на животниот циклус.
Дрвјата во градината и јавните паркови, повеќе од кое било друго растение, создаваат чувство на трајност и зрелост, додека нивните големи изразени контури се во совршен контраст со меките линии на помалите растенија. Затоа нивното избирање и сместување се една од најважните одлуки при формирање на еден двор или парк. Колку е дворот или паркот помал, изборот на дрвјата треба повнимателно да се направи. Општиот изглед на стеблото и посебните карактеристики на дрвото, секако, се битни, но многу е важна соодветноста на почвата, климата, положбата, како и неговата конечна висина, ширина и брзина на растењето.

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_2
Висината на дрвјата е различна и се движи од еден метар (кај некои џуџести зимзелени видови) до 90 метри колку што е висока џиновската секвоја (Sequoia gigantea). Брзината на растењето е, исто така, различна – од два сантиметри кај некои зимзелени видови, па до метар и повеќе кај видовите на тополи (Populus). Во постигнување на амбиентот на градината, обликот на дрвото е важен исто како и неговата висина. Некои видови украсни дрвја како украсните цреши (Prunus) се мали и многу шармантни, додека кедарот (Cedrus deodara ili Cedrus atlantica) е висок и монументален.

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_5

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_3
Sorbus aucuparia (јаребика) е карактеристичен за англискиот стил на уредување, додека јапонските јавори Acer palmatum и големиот Salix babilonica pekinsis tortusa се карактеристични за источниот стил на уредување на градината.
За погледот и големата површина да бидат што подолго интересни, многу е важна и бојата и формата на листовите. Тие нудат бескрајни варијации од префинети папаратести лисја на Gleditsia triacanthos sunburst до големите архиотектонски лисја на видот Phoenix. Дрвата со обоени или прошарани лисја како црвеновиолетовите лисја на Prunus virginiana Shubert или лисјата со жолт раб на видот Ligustrum lucidum excelsum superbum даваат и фантастичен контраст со темнозелените листови на другите дрвја.

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_4
Цветовите се краткотрајна, но незаборавна глетка во секој двор. Нивната боја треба да биде надополнување на севкупниот амбиент. Така, на пример, светлите цветови убаво прилегаат на потемни листови и обратно, темните цветови подобро се истакнуваат на посветла подлога. Од дрвјата со убави цветови се издвојуваат скоро сите видови на магнолија како на пример: Magnolia galoniensis grandiflora, Magnolia obovata и Magnolia solungiana. Тука се, секако, многу видови на украсни цреши: Prunus serulata kanzan, Prunus amonogava, Prunus kiku-shidare и сл.

Уште една многу битна особина на дрвјата е и бојата и текстурата на нивната кора. Може да биде махагони-црвена како кај видот Prunus serulata, бела како кај Betula utilis jacqemani или сивомаслинеста како кај Acer pensylvanicum.

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_6

hortikultura.mk_drvja_ukras_na_gradinata_7

Loading...