Booking.com

Поголемиот број на рози (со исклучок на крупните ползавци) можат успешно да се одгледуваат во саксии. Најважно е да саксијата биде доволно голема, за да коренот има доволен простор за раст, а со добра дренажа и добра земја, ќе им обезбедите и проток на свеж воздух.


Сите сопственици на поголеми дворови и оние кои немаат проблеми со кртови во почвата, можат да ископаат дупка во почвата и да засадат рози во изобилство, каде и да посакаат. Останатите, на располагање имаат само едно решение – рози во саксии. Тие често се среќаваат со бројни проблеми – немаат доволно слободен простор во дворот, некои делови од градината се во сенка или пак затскриени од големите крошни на дрвјата од кои не сакаат да се ослободат, а неретко ги мачат и кртови кои го уништуваат украсното цвеќе.
Саксиите со жбунести рози или ползечки рози, треба да бидат високи најмалку 40 см, да имаат одводни дупки за вишокот на вода и добра дренажа. Особено бидете внимателни кај пластичните саксии кои во зима страдаат од мраз, додека пак теракотните саксии даваат поголема свежина на коренот во топлите летни месеци.


Розата е кралско растение и како такво најдобро е да се одгледува на место каде што може да се шири во висина, ширина и длабочина. И воопшто – таа сака простор, во некои случаи – особено многу простор.
Покрај тоа, за да биде здрава една роза, има потреба од соодветна исхрана, наводнување, како и од простор и проветрување, а под тоа се подразбира одгледување во почва. За да одгледувате рози во саксии, треба да се придржувате кон одредени правила.


Најбитно е да има доволен простор. Дури и минијатурни рози се чувствуваат подобро во релативно поголеми саксии, а големите рози – флорибунди, чајно-хибридните и почвопокривните, бараат минимум 40-60 литарски саксии, со минимален дијаметар на саксијата од 40 см. Освен тоа розите во контејнери се потешки за одгледување во споредба со останатите домашни растенија и за да се развиваат добро, мора да ги почитуваме следниве барања:
– Минимум 5-6 часа директна сончева светлина;
– Саксиите не треба да имаат подлоги, за да не се задржува водата во коренот. Подлогата треба да е со одлична дренажа;
– Земјата треба да биде со одличен квалитет, богата со хранливи материи, како и добро дренирана;
– Редовно прихранување со ѓубриво, најдобро со побавно дејство. Ако се користат течни ѓубрива, треба соодветно да се применуваат – нту премногу често, ниту да се пропушти и да не се надмине дозата, бидејќи правилната исхрана е од суштинско значење за добро расцветано и здраво растение;
– Местото треба да е со добра вентилација – ако воздухот застојува, растенијата се подложни на габични инфекции и вошки;
– Идеални за избор се сорти од модерни хибриди, особено почвопокривните сорти кои имааат и специјални контејнерски серии, кои се одлични бидејќи добро цветаат и не растат преголеми.

Loading...