Осветлете го вашиот двор со стил кој ќе ви пружи забава, опуштање, безбедност и сигурност…
Креативно осветлување ќе ви овозможи да создадете сосема поинаков изглед на вашиот двор. Топлите летни денови и ноќи најчесто ги поминуваме со своите пријатели на терасата или во дворот. Надворешното осветлување може значително да го разубави изгледот на вашата градина, патека или тераса во топлите вечери. Сето тоа ќе го постигнете со поставување на гламурозни ламби.
Размислите на нежно, суптилно осветлување за вашата цветна алеја или летниковец. Исто така, размислете за поставување на соларни светилки кои се доста ефикасни и практични. Многу е важно дизајнот на осветлувањето да биде во согласност со дизајнот на вашата градина. Во зависност од тоа, можете да поставете фенери или ламби кои ќе бидат дискретни и со својот елегантен дизајн ќе допринесат за разубавување на екстериерот.
Не губете време, зафатете се за работа. Дајте му душа на вашиот двор и во вечерните часови…






