Booking.com

Доколку сте љубители на пливањето или одмарање покрај базен, веројатно сте си замислувале еден ден дека ќе имате свој базен. Меѓутоа, ако дворот ви е мал, во тој случај базенот изгледа како недостижен сон. Погледнете ги овие мали базени кои може да се монтираат во секој двор со скромни димензии.

Базен во поплочен двор

hortikultura.mk_mali_bazeni_2
Овој базен е со димензии 2.7 х 5.4 метри. Се наоѓа во еден француски двор со антички дизајн. Над француските врати кои водат до дворот, се наоѓа лак од цвеќе кој го поврзува овој премин помеѓу базенот и куќата.

Класичен базен

hortikultura.mk_mali_bazeni_3
Правоаголниот базен во земјата е класичен базен за дворот. Овој базен е со димензии 3.6 х 9.1 метри, сосема доволно голем за пливање и за опуштање покрај базенот, но не толку голем да ја завземе целата површина од дворот.

Закривен базен

hortikultura.mk_mali_bazeni_4
Овој базен кој потсетува на лагуна со закривени скали е центар на овој двор во Далас. Влезот на овој базен е широк и плиток, па со самото тоа е идеален за семејство.

Базен во облик на полумесечина

hortikultura.mk_mali_bazeni_5
Консултирајте се со дизајнери за пејзажна архитектура за тоа кој е најдобриот начин да си направите оригинален базен како што е овој. Базенот е со димензии 4.8 х 9.7 метри и е опкружен со сини плочки како би добил изглед на полумесечина.

Модерен базен

hortikultura.mk_mali_bazeni_1
Земете го најдоброто од водениот и копнениот свет и искомбинирајте мал тревник со мал базен. Тоа може да го постигнете на тој начин што тревникот и базенот ќе ги направите потесни. Овој линеарен дизајн е најдобар доколку сакате да искористите што е можно повеќе место.

Базен како тркачка патека

hortikultura.mk_mali_bazeni_6
Најдобра средина за овој тип на базени е долго и тесен двор. Одличен избор е за искусни пливачи. Овој базен е опкружен со долга дрвена тераса.

Класично поплочен базен

hortikultura.mk_mali_bazeni_7
Пренесете го духот на Медитеранот во својот двор и направете мал базен поплочен со интересни класични црвени плочки и опкружен со бујни растенија и плетен градинарски мебел.

Loading...