Booking.com

Развеселете се себе или вашите пријатели со ова мало божиќно дрво…

Брендот Мини бор претставува вистинско мало божиќно дрво со висина од 55 см, со преку 2000 вистински зелени иглици. Ова мало дрвце е идеален подарок за престојните божиќни празници – подарете го на некоја драга личност или истакнете се со поинаков подарок кон вашите деловни партнери!

ПРЕДНОСТИ

Со мини божиќното дрво нема малтретирање. Многу е лесно да го качете и на највисоките катови од зграда без лифт, иглиците не паѓаат, не мора да се грижите дали ќе ви стои во автомобилот. Може да го сместете во секој дел од вашиот дом – спална, дневна, детска соба! После Божиќ, можете да го пресадите на некое место каде ќе уживате уште многу години во неговиот изглед. Неговата практичност се состои во фактот што има мали димензии, прикладен е за работни маси во канцеларии, помали комоди и мали простории. Едноставно е за одржување и бара многу малку вода на неколку дена.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ?

Мини бор е наменет за оние кои водат грижа за одржлив екосостав, за оние кои обожаваат мирис на вистинска смрча, а не сакаат да купуваат сечени дрвца, за оние кои немаат доволно простор за вистинска божиќна елка или едноставно, сакаат минималистички украси. Ова дрвце доаѓа во теглица, а после празниците, може да го пресадите во дворот и да го набљудувате како расте или пак да го пресадите во саксија на балконот.

ШТО Е МИНИ БОР?

Мини бор е спорорастечка канадаска џуџеста смрча (лат. Picea glauca var. albertiana ‘Conica’), која има минимален годишен прираст. Во просек може да нарасте 5-10 см годишно, а дури после 20 години ќе уживате во двометарско дрво.

ГРИЖА И НЕГА

За да може што подолго да ги задрже своите зелени иглички, треба да му посветете поголемо внимание. Повремено треба да ја проверувате влажноста на супстратот во теглата. Не смее да се исуши, но не треба ни да биде превлажен. Доколку го чувате во потопла просторија, потребно е да го залевате на секои 2-3 дена. Најдобро е да го чувате подалеку од извор на топлинa (радијатор), а најмногу му одговара температура од 15-18°С.

СОВЕТИ ЗА ПРЕСАДУВАЊЕ

Пресадувањето треба да го извршите откако ќе забележите дека во тегличката му станува веќе тесно. Ќе ви бидат потребни ракавици и мала лопата. Подгответе ја почвата така што ќе ископате мала дупка со ширина од 10 см, а длабочина од 15 см. Нежно извлечете го од тегличката и поставете го во ископаната дупка. Затрупајте го просторот околу дрвото со остатокот од почвата и малку притиснете за да го зацврстете во права положба, за да може да ги издржи сите временски (не)прилики.

Loading...