Кога живеете во град, најголемиот луксуз е да имате сопствен двор…
Ова семејство од Филаделфија имало поголема површина позади својата куќа. Тоа земјиште имало голем потенцијал, така да целата работа ја препуштиле на пејзажните архитекти од дизајнерско студио кои го претвориле дворот во место за одмор и бегство од градската бука и врева. Направиле базен со солена вода, туш и печка.
Дизајнерите имале задача максимално да го искористат просторот и да направат место каде целото смејство ќе се собира и ужива. Овој двор е креиран со голема еколошка свест. Оградата од кедар е набавена од локален произведувач, бетонските саксии со цвеќе од домашен произведувач, базен со солена вода со инсталирано ЛЕД осветлување и дополнително туш на отворено и печка
Клиентите барале минималистички уреден двор, а тоа се многу добро вклопило со прецизниот начин на работа на ова дизајнерско студио. Тие ги вклопуваат традиционалните материјали со модерниот дизајн. Целта им била да направат место кое многу лесно ќе се вклопи со постоечките дрвените елементи во дворот.


