Booking.com

Кинеска ѕвезда или меѓу народот позната уште и како Убава Ката (Callistephus chinensis) претставува едногодишно растение со потекло од Кина и Јапонија. Стеблото на ова растение е високо од 10-80 см. Што значи, има ниски, полувисоки и високи форми. Ова растение е внесено во Европа пред повеќе од 200 години и од тогаш се добиени многу хортикултурни форми и вариетети, по однос на висината, бојата и големината на цветот. По однос на бојата на цветот можат да бидат бели, виолетови, розеви и црвени, а по однос на висината, ниски средно високи и високи, со единечен (прост), двоен или полн цвет.

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_2

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_3
Се размножува со семе од март до половината на јули. Раната сеидба треба да се изврши во стакларник или топла леа, додека ако се сее покасно сеидбата се врши во леи на отворено. Кон почвата нема посебни барања, но земјиштето треба да е добро обработено и преку лето треба обилно да се полива. Бара сончеви и полусончеви позиции. Залевањето треба да биде умерено, во текот на летото редовно и обилно. После залевањето, во градината се шири пријатен мирис.
Цвета во лето до крајот на октомври. Заради поттикнување на цветањето пожелно е редовно отстранување на прецветаните цветови.

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_4
Високите видови се користат како режано цвеќе, бидејќи можат долго време да се одржат во вода. Високите и средни видови се погодни за садење во дворовите, додека пак ниските видови (околу 20 cm) може да се садат на почетокот на жардинерите, гредици или на ограничен простор. Се препорачува комбинирање на две или три бои. Прекрасно изгледаат во комбинација со украсни треви, а се одгледуваат и користат и за букети (како режан/сечен цвет).

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_5

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_6

hortikultura.mk_ubava_kata_callistephus_7

Loading...