Кога времето е убаво, сончево и имате слободен ден, што би можело да биде попријатнo отколку еден релаксирачки одмор во градината !!!
Се разбира, ако имате доволно место и простор за уживање сè ќе биде поинаку. Креветите кои ги гледате во прилог се користат за на тераси и градини и се различни од оние што се користат во нашите домови.
Пред сè, тие мора да бидат направени од специјални материјали за да можат да бидат издржливи на сите временски услови. Материјалите кои се дизајнирани мора да бидат водоотпорни и доколку не се, во тој случај мора да се чуваат во заштитен простор.
Тие исто така, мора да бидат отпорни и на сончевото влијание. Но, она што ги карактеризира сите видови на легла, е фактот дека тие се дизајнирани за да бидат пред сè удобни и пријатни за релаксација и одмор. Тие имаат удобно платно кое е пријатно и меко на допир …







