Booking.com

Овој тип на градина со својот функционален, естетски, префинет и пријатен дизајн, им овозможува на луѓето да создадат своја зелена оаза во духот на еден возбудлив и модерен начин при создавање на здрава животна средина. Системот се заснова на индивидуални предности кои овозможуваат одгледување на здрави билки, свежо овошје и зеленчук, лековити билки во своите домови како и во своите канцеларии и јавни простории, користејќи хидропоника која претставува едно од најодржливите и најефикасни практики за употреба и денес.

hortikultura.mk_urbana_gradina_za_enterieri_2

Вертикалната хидропоника е метод на одгледување на растенија без почва со употреба на минерални хранливи раствори, и е еден од најефикасните и изводливи методи кои се употребуваат денес.

Со овој начин на одгледување на растенијата, се овозможува брз раст кои носи и поголем принос во текот на годината. Овој начин е поефикасен и се разликува од традиционалниот метод во земјоделството.

hortikultura.mk_urbana_gradina_za_enterieri_3

Во природни услови почвата има улога на резервоар за хранливи материи но самата почва не е неопходна за растењето на растенијата. Кога хранливите минерални состојки од почвата се раствораат во вода, растенијата можат да ги апсорбираат преку корењата. Кога потребите хранливи минерални состојки по вештачки пат се внесуваат во залихите на вода на растението, почвата веќе не е потребна за успешно растење на растението. Скоро секое копнено растение може да расте со хидропонскиот метод на одгледување.

hortikultura.mk_urbana_gradina_za_enterieri_5

hortikultura.mk_urbana_gradina_za_enterieri_4

hortikultura.mk_urbana_gradina_za_enterieri_6

Loading...