Пролетта е време кога треба да ги направите сите потребни активности за да вашата градина ја претворите во совршено место за уживање.
Креирање на водени површини во градината овозможува специфична атмосфера збогатена со дополнителна енергија за да добие душа и живост.
Нема попријатно чувство на релаксација во вашата зелена оаза од шумот на вода. Топлите летни денови може да се заменат со освежување во базен. Во зависност од големината на градината како и своите способности и желби, може да се изградат различни видови на водни елементи и секој може да го избере она што му одговара.
Една од опциите која што е во тренд во последните неколку години е џакузи или велнес базен, кој може да се инсталира на тераса или во дворот. Хидротерапијата сè повеќе се практикува, придружена со некои ладни коктели или шампањ, кои се најдобра понуда во вечерните часови, без разлика дали е тоа за романтични парови или пријатели во мини домашна атмосфера или забава.
При дизајнирање на градината и нејзино уредување, џакузито, кадата, тушот и другите елементи, не само што имаат функционална улога, туку го подигнуваат и естетското доживување во просторот.
Освен дизајнот на поединечни елементи, исклучително важни се водените ефекти што даваат пријатни моменти на релаксација и уживање.
Надворешните обични или хидромасажни кади може да се постават површински, т.е горното ниво да биде паралелно со нивото на подот. Правилна положба значи лесен пристап за работење и одржување, како и да се овозможи и соодветно чистење.
Сè што е потребно е да се обезбеди пријатен поглед на пејзажот додека уживате во ефектите на водата во вашиот дом или вашиот простор, да бидете ориентирани кон природата. Ако сте во градината, џакузито или базенот можете да го поставите во близина на декоративни растенија или украсни дрвја.
Звукот на брановите покрај морскиот брег, поток кој жубори и се влева во езерото, прскањето на фонтаната… дозволете магијата на водата да завладее и во вашиот двор




