Booking.com

Во централниот дел на Франција, на само дваесетина 20 км од Париз – градот на светлината, се наоѓа прекрасниот Версај. Целата власт и моќ на Франција произлегува токму од раскошната моќ на самиот дворец. Величественоста на оваа прекрасна зграда оддава прекрасна моќ и привлечност за сите туристи кои го посетуваат. Оваа прекрасна градба, некогаш била непознато место, кое му служело за лов на тогашниот крал на Франција Луј XIII.

Подоцна, на негово место дошол Луј XIV, кој бил познат како Крал на Сонцето, и како споменик на неговата слава го изградил Версајскиот дворец.

hortikultura.mk_versajski gradini_2

hortikultura.mk_versajski gradini_3

Во 1663 година, почнало уредувањето на Версајските градини. Целокупната кралска резиденција била градена постепено. Прво бил изграден паркот, а потоа се продолжувала самата палата, која во дното на својата композиција достигнала должина од 415 метри.

Во композицијата на величествената градба работеле познати архитекти како што се францускиот пејзажен архитект André Le Nôtre и Mansart кои преку своето дело направиле приказ на моќноста на Франција.

Современиците тврдат дека Версај претставува победа на уметноста над природата. Кралот и неговите архитекти избрале едноличен, пуст и мочурлив предел, рамнината Версај. Како што се зборувало тогаш е „најжалосно и најбрановидно од сите места“. Просторот на кој се наоѓа оваа уметничка творба изнесува 6.614 хектари, а развиената должина на околниот ѕид околу 43 километри.

Versailles

hortikultura.mk_versajski gradini_5

hortikultura.mk_versajski gradini_6

hortikultura.mk_versajski gradini_7

 

Loading...