Booking.com

Хојата (Hoya carnosa) или уште позната како восочен цвет, потекнува од Источна Индија, Јужна Кина и Бурма. Тоа е ползечко растение кое достига 5 метри должина. Листовите се темнозелени и со сребренобели пеги и се доста декоративни, меѓутоа цветот е права атракција.
Цветот по боја е жолтеникав или бледо розев. Во средината на цветот има 5 месести жлезди кои имаат бледо розева или црвена боја. Хојата се качува по ѕид или некоја потпора. Може да цвета во било кое време на летото, меѓутоа воглавно цвета во јуни, а потоа повторно и во септември. Цветните дршки на овенатите цветови не треба да се откинуваат, бидејќи од нив излегуваат нови цветови. Тие испуштаат медоносна течност со која цветот пријатно мириса.

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_2

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_3

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_4
Расте на светли места, но не на директно сонце. Хојата поднесува температура од 10°С зимно време, а летно време 24°С. Во лето се полева еднаш неделно, а во зима еднаш во две недели. Листовите се прскаат со млака вода секои 14 дена. Не поднесува поткастрување. Се размножува со резници кои се земаат од врвот на стеблото и се ставаат во земја помешана со песок и тресет. На резот се става хормонски прашок, резницата се става под пластична кеса со неколку дупчиња на неа на температура од 21°С.

Хојата најдобро цвета доколку е малку „стеснета“ во саксија и затоа немојте да ја пресадувате секоја година. Исто така, новата саксија треба да биде само за еден број поголема од претходната саксија при пресадување. Ако и обезбедите доволно светлина, хојата ќе ви возврати со атрактивни цветови во облик на падобран.

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_5

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_6

hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_7

Loading...