Booking.com

Во организација на ЈП „Паркови и зеленило”, а под покровителство на Градоначалникот на Град Скопје, од 16-17 Мај 2015 година во Градскиот Парк во Скопје ќе се одржи Вториот Скопски цветен фестивал – СЦФ.
За првпат свое учество на фестивалот ќе земе и Тимот на интернет магазинот www.hortikultura.mk, кој преку своите совети, презентации, креативни идеи, ќе понуди нешто поразлично со што би ја збогатиле програмата на овој фестивал.
Оваа година фестивалот ќе биде под мотото:
„Следи ја играта на цветот – помести ги границите“

Фестивалот ќе има ревијален карактер, а идејата е манифестацијата да прерасне во традиционална и интернационална. Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот.
Во два дена на едно место предвидено е да се случуваат следниве активности:
1. Креативни работилници – со учество на деца од различни возрасти;
2. Дизајнирање цветна градина – на зададена тема професионалци и ученици ќе дизајнираат цветни градини;
3. Уметничко катче со еко-пораки – тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено.
Граѓаните на креативните работилници ќе учат како правилно да садат цвеќе, да прават цветни аранжмани. Исто така, предвидена е и промоција на фирми и институции кои се занимаваат со одгледување на цвеќе.

Дадете свој придонес за поуспешна реализација на оваа манифестација.

Пријавувањето за учество е до 16.03.2015 година

Подетални информаци може да добиете на:
e-mail: parkovi@t-home.mk

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_1

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_2

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_3

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_4

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_5

hortikultura.mk_skopski_cveten_festival_6

Loading...