Booking.com
Викендов, на 12 и 13 мај по петти пат се одржа Скопскиот Цветен фестивал. Овој мал јубилеј фестивалот го слави под мотото „Во боите на виножитото“.

Овој фестивал се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“. Сите љубители на цвеќето, природата и зеленилото, имаа можност да уживаат во колоритот на цвеќињата и цветните аранжмани, да си купат некое цвеќе за својот дом, тераса или двор. Секој можеше да праша и да побара корисни совети од стручни лица со искуство во планирање, уредување и одржување на зелениот простор.

Во текот на дводневниот фестивал, посетителите во Градскиот Парк имаат можност да учествуваат во активностите што ги нуди фестивалот преку својата програма, да видат разни видови цвеќе и цветни аранжмани, да вежбаат јога на отворено, да слушаат музика.

Како изложувачи можеа да се видат познати цвеќарници, фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, невладини организации чиј домен е екологијата и животната средина и центрите за детски развој.

Фестивалот започна во сабота на 12 мај, со свечено отворање во 12 часот, а заврши денес 13 мај со официјално затворање во 17 часот.

ПРОЧИТАЈ:  СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ 2017
ПРОЧИТАЈ: Заврши вториот по ред Скопски цветен фестивал 2015

 

Loading...