Booking.com

Олеандерот (лат. Nerium oleander) претставува зимзелена грмушка која со своите цветови секогаш нè потсеќа на топлите летни медитерански денови. Води потекло од областите околу Средоземното Mоре. Ако не сте виделе олеандер досега, на првото патување кон Грција ќе го забележите покрај патот.

hortikultura.mk_oleander_2

hortikultura.mk_oleander_3
На врв на гранката се јавуваат цветови кои цветаат по неколку заедно од јуни до септември. Олеандерот бара многу топлина и сонце за да цвета. Ако е летото врнежливо тогаш многу малку цвета. Цветовите може да бидат единечни или повеќеслојни, најчесто во бела, жолта, розова и црвена боја. Во приморските краеви, каде олеандерот е посаден надвор во текот на целата година, може да порасне во грмушка висока од 2-6 метри и има бујна крошна.

hortikultura.mk_oleander_4

hortikultura.mk_oleander_5

Во континенталните краеви каде зимите се ладни, треба да се насади во големи саксии во добра, хумусна земја, а во текот на зимата да се внесе во затворен простор. Во текот на зимата треба да биде на светло место на температура од околу 5°С. Инаку ќе му израстат издолжени бели гранки, а и целото растение ќе се исцрпи, па најчесто е нападнато од разни штетници. Коренот треба да се одржува влажен. Во периодот кога расте бара многу вода, така да, ако е посаден во саксија треба да се полева секојдневно. Од кога ќе почне да цвета па до крајот на август, треба да се прихранува еднаш седмично. За да има убав грмушкаст облик потребно е да се крои.

Ако премногу порасне во височина, слободно одрежете го до дрвениот дел од стеблото со остар, кос рез. Младите растенија одрежете ги до 2/3 од нивната висина за да добијат убав грмушкаст облик. Се размножува со резници во рано лето. Најпогодна почва за олеандерот е мешавина од хумус, песок и тресет во однос 2:1:1. Што се однесува до наводнувањето, правете го тоа почесто на тој начин што ќе ставате вода во подлогата на саксијата. Така oлеандерот си зима колку што му е потребно. Карактеристична појава за него е „плачењето“. Тој транспирира на секои 14 дена.
За буен раст, олеандерот сака многу сонце, па можете да го поставите директно изложено на него. Во лето му одговара балконот или јужниот ѕид. Оптимална температура му е 20-35 степени Целзиусови.
Олеандерот претставува отровно растение, па треба да се биде особено внимателен кога се реже, пресадува и задолжително треба да се користат ракавици.

hortikultura.mk_oleander_7

hortikultura.mk_oleander_8

Loading...