Booking.com

Овој вид на јука (Yucca filamentosa) води потекло од Северна Америка. Позната е уште под името адамова игла или кончеста јука. Називот кончеста јука го добила по конците кои се создаваат околу листовите. Спаѓа во групата на зимзелени грмушки, но може да се смести и во сукуленти поради можноста за задржување на водата во листовите. Посебно е издржлива на ниски температури кои достигнуваат и до -30ºС, па дури и пониски. Заради ова без проблем можеме да ја садиме во нашата градина каде би ја покажала својата егзотичност.

hortikultura.mk_yucca_filamentosa_2

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Овој вид на јука не создава надземно стебло, туку со своите листови формира грмушка. Листовите може да достигнат должина до 1 метар, а ширина до 5 см. Не е прибирлива на земјиште, но бара дренирана почва. Одлично поднесува суша и е отпорна на аерозагадување. Најмногу и одговараат сончеви позиции, но расте и во сенка, но со послаб интензитет.

hortikultura.mk_yucca_filamentosa_4
Цвета касно напролет и почетокот на летото (јуни-јули), со бели, ѕвонасти цветови кои се формираат на цветна дршка на висина до 1,5 метар. Во наши услови не создава плод/семе, бидејќи го нема тој посебен вид на пеперутка која ја опрашува. Јуката, за разлика од агавето (после цветање умира), може да цвета безброј пати. Доколку посадиме само едно растение, со текот на времето ќе добиеме џбун, односно матично растение од кое ќе се развијат нови растенија кои можеме да ги одвоиме и посебно засадиме. Јуките многу лесно се ожилуваат, така да ако од матичното растение откинеме еден дел (со или без корен), потоа многу лесно се вкоренува.
Посадете ја на сонце и секоја пролет вашата градина ќе биде украсена со прекрасни, егзотични цветови.

hortikultura.mk_yucca_filamentosa_5

hortikultura.mk_yucca_filamentosa_6

Loading...