Зелените површини од вештачки материјал сѐ повеќе се употребуваат, а тоа е поради климатските промени, чии ефекти се веќе видливи.
Вештачката трева за првпат е употребена далечната 1966 година. Многу често може да се забележат совршени зелени површини, кои во повеќето случаеви не се природни. Со постојаниот напредок на технологијата, површините покриени со вештачка трева многу тешко се разликуваат од природните тревници.
На кој начин вештачката трева успеа да ја замени природната? Во денешно време, постојат многу малку причини зошто вештачката трева би била лош избор за вас. Имајќи ги во предвид напорите во светот како би се намалила потрошувачката на вода, вештачката трева во тој поглед претставува идеален избор – не бара залевање. Текстурата исто така доста напредувала, благодарение на модерните начини на изработка и технологија, иако во пракса многу се разликува од природната. Вештачката трева предизвикува друг тип на повреди при пад врз неа, за разлика од природната трева. Од друга страна, од практичен аспект, не предизвикува алергии кај луѓето.
Вештачката трева е производ кој настанува од вид на полимер (пластика), материјал кој доаѓа во комбинација со песок или гума, во зависност од бараниот степен на мекост. Синтетичките тревници се во предност во однос на природните, на прво место по заштедата на вода, не бараат косење (заштеда на време), не бараат ѓубрење или третман со хербициди (заштеда на пари).
Сепак, потребно е одржување, во смисла на чистење и дезинфекција, бидејќи вештачката трева нема особини да се сама биолошки прочистува како што тоа го прави природната трева. Доколку имате миленик во дворот, тогаш е потребно почесто чистење на синтетичката површина. Гаранцијата на овој тип на трева важи и до 15 години (само доколку се придржувате на правилното одржување). Со професионална монтажа и одржување, векот на синтетиката се продолжува, додека во случај на замена треба да имате во предвид и локација за рециклажа на истата или компанија која се занимава со рециклажа.







