Дури и најмалите балкони може да се претворат во бујни градини во кои ќе добиете спокој, каде ќе можете да се опуштите после напорниот работен ден.
Не морате секогаш да трошите цело богатство за да ја достигнете оваа цел. Неколку шарени перници, зелeни растенија или едноставна лежалка, можат да го трансформираат вашиот балкон во идеално место за одмор и уживање. Некои од најпопуларните градинарски простори се балконите, од причина што кај нив секој квадратен метар е добро испланиран. Понекогаш, кога имате мала површина на располагање, вие сте принудени да на секоја ситница и детал им придавате поголемо внимание.
Слободно додајте повеќе бои или помалку драматичен изглед. На модерниот човек му е особено битно да поседува надворешна површина во вид на балкон, која ќе му служи како удобен амбиент за опуштање.
Вертикалната градина е една од најнеобичните идеи кои сопствениците на станови или куќи можат да ја применат на своите балкони. Тие изгледаат како кенгурова торба, со цвеќе и мали растенија, кои можат да се прикачат на ѕид или ограда. Не е важно дали имате голем или мал балкон, најбитно е да бидете креативни и секој квадратен метар максимално да го искористите.














