Зелени ѕидови, вертикални градини, живи ѕидови или само градини, без обзир на нивниот назив, овие мали креации на зеленило, направени во вертикална положба изгледат величествено…
Може да ги користите во ентериери или екстериери и ако ги почитувате правилата, постојат бескрајни можности. Подолу во галеријата можете да видите само мал дел идеи за вертикални градини. Тие ќе го освежат вашиот декор и ќе го подобрат дизајнот на вашата куќа на извонреден начин.
Некои од најголемите зелени ѕидови се направени во 2009 година или после тоа, што значи дека станува водечки светски тренд. За среќа, повеќето од овие зелени ѕидови се направени на јавни места од институции, за подобрување на естетиката и освежување на воздухот, така да може да се ужива во погледот на некои од најубавите зелени ѕидови.
Неколку примери на поголеми зелени ѕидови се: Меѓународниот аеродром Едмонтон во Канада, Сингапурскиот Changi аеродром и Chhatrapati Shivaji аеродромот во Мумбаи. Овој концепт неретко се препишува на францускиот ботаничар Патрик Бланк кој го развил овој концепт на вертикални градини во доцните осумдесети години.
За вас подготвивме фотографии од вертикални градини во различни големини, на разни места низ светот, различни видови и начини на монтирање. Превземете мала акција во вашата куќа или стан и направете си мала вертикална градина кој ќе ја разбие монотонијата во ентериерот или екстериерот.