Доколку сакате да уживате во убава тропска градина, со малку напор можете да си создадете своја градина, без оглед на тоа дали живеете во област со умерена континентална или топла медитеранска клима. Кога посакувате да си создадете своја градина во тропски стил, најголем проблем е одгледувањето на растенијата бидејќи тие бараат услови за одгледување во соодветна клима. Одредени видови на растенија мора да бидат засадени или поставени под директни сончеви зраци за да можат да успеат.
Други видови на растенија кои се карактеризираат со големи и широки лисја може да се постават и на помалку сончево место со тоа што ќе послужат за полусенка и уживање под умерена температура. Растенијата можат да се засадат во саксии кои ќе ја разубават градината или директно во почвата, на пример филадендрон.
Тропските градини не треба да личат на раскошни шуми, туку напротив, тие треба да имаат соодветен простор за да можат растенијата да се развиваат и да се размножуваат. Како позадина може да се постават растенија како: банана, смоква, палма и други видови кои се со висина од над 1,5 м.
За да се запази уредувањето на градината во тропски стил, потребно е да се земат во предвид неколку детали, односно при уредувањето да има една широка патека на средината на градината, а сите останат детали што ќе се постават или изградат да бидат од камен или дрвени штици. Се препорачува да се користи градинарски мебел од дрво или бамбус. При уредувањето не треба деталите или поставениот градинарски мебел да бидат во права линија, туку баш напротив, треба да бидат поставени во разигран стил.
Друг соодветен елемент е поставеноста на фонтани, поток, езерце или помал водопад кој ќе се вклопи во тропските бои на растенијата и ќе овозможи природен изглед на градината и изглед во разиграни бои.






