Ова е пејзажен предлог на кој никој не би можел да одолее!!! Едноставни патеки, прекрасна веранда, мини базен за уживање, романтична атмосфера…
Што посакуваме во нашата градина? Дали посакуваме агол со мини бар, мини базен за непотребните метри квадратни на простор каде гостите би можеле да се освежат? Интересен градинарски мебел збогатен со грациозни столици и лежалки?
Сите овие предлози и идеи за совршено уживање не можеме да ги наведеме во еден текст, но затоа препорачуваме да се погледне градината – проект на австралискиот дизајнер Jason Hodges, четирикратен добитник на златен медал на International Flower and Garden Show во Мелбурн, Австралија.
Толку едноставно, а сепак модерно решение што ќе ве остави без здив поради можноста на деталите кои можат да бидат соодветно пејзажно решение. Столбовите од тремот, кои често ги оставаме недовршени овде се обложени со дрвени елементи, а целокупната растителност е остварена со засадени тропски растенија, меѓу кои доминираат високите палми.
Препорачуваме да ги погледнете деталите во продолжение и да ги споделите вашите коментари со нас…




