Booking.com

Станбената зграда “Tree House” која се наоѓа во Сингапур влезе во Гинисовата книга на рекорди како објект со најголем зелен ѕид во светот, чија површина изнесува 2300 метри квадратни.
Инвеститорите очекуваат дека зелениот ѕид ќе им заштеди годишно до 500.000 долари преку заштеда на енергија и вода, бидејќи зелениот надворешен ѕид ќе ја намали апсорпцијата на топлина и истото може да доведе до заштеда на енергија од 15-30 проценти.

hortikultura.mk_zelen_zid_2

hortikultura.mk_zelen_zid_3
Зградата се наоѓа во мирниот дел на Сингапур и има 24 спрата, а освен зелениот ѕид поседува и други одржливи технологии, како што се прозорци кои го редуцираат губитокот на топлина и сензори кои го детектираат движењето на осветлувањето (го вклучуваат и исклучуваат).
Вертикалната градина кој го разубавува ѕидот на оваа зграда освен што штеди пари, го намалува и загадувањето на природата, го намалува јаглеродниот диоксид во воздухот преку филтрирање.
За изградба на овој уникатен објект заслужна е компанијата „City Developments Limited“, а проектот е завршен минатата година.

hortikultura.mk_zelen_zid_4

Loading...